Република Македонија припаѓа во НАТО и Европската Унија

Macedonian
27 април 2018
 
Вчера попладне, министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, се сретна со Конгресменот Роберт Адерхолт, член на групата на конгресмени за поддршка на Република Македонија.
 
Министерот Адеми го запозна Конгресменот Адерхолт со неговата работа во областа на дијаспората, и работата на Владата на Република Македонија во целина во изминативе десетина месеци. Исто така, ја истакна посветеноста на Владата за продолжување на реформските процеси со цел влез на Република Македонија во НАТО и Европската Унија. Посветеноста на оваа Влада во реформските процеси е препознаена и од страна на Европската Комисија во последниот извештај, кој резултираше со доделување на чиста препорака за влез на Република Македонија во НАТО и Европската Унија.

Силното стратешко партнерство меѓу Република Македонија и САД продолжува

Macedonian

26 април 2018

Во текот на вчерашниот ден, министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, се сретна со висок претставник во Стејт Департментот, Пол Фајфер, во Бирото за Европа и Евроазија. 

Министерот Адеми ја истакна силната заложба на Владата на Република Македонија за воспоставување на институционална соработка со дијаспората и ги запозна домаќините со работата на Владата во однос на актуелните политички прашања, при што ја потврди посветеноста на Република Македонија за влез во НАТО и Европската Унија.

Предавање на министерот Адеми на Универзитетот Колумбија во Њујорк: Членството во Европската Унија и НАТО нема алтернатива, дијаспората реален потенцијал за поддршка на евроатлантските интеграции

Macedonian

24 aприл 2018

Во текот на вчерашниот ден, на покана на Хариман Институтот, министерот Адеми одржа предавање на Универзитетот Колумбија во Њујорк на тема “Западен Балкан, Македонија и интеграциските процеси - има ли улога за дијаспората? ”.

На почетокот од предавањето, министерот Адеми се осврна на значењето на земјите од Западен Балкан, како и важноста на нивната стратешка определба кон евроатлантските интеграции. Во тој контекст, министерот ја потенцираше и стратешката определба на Република Македонија за влез во НАТО, истакнувајќи го фактот дека истата датира од 1993 година, кога Собранието на Република Македонија ја усвои Резолуцијата за влез на Република Македонија во НАТО.

Министерот Адеми се обрати на Изборното собрание на Македонскиот сојуз во Кралството Шведска – Гетеборг

Macedonian

23 aприл 2018

На покана на Македонскиот сојуз во Шведска, денес, министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, присуствуваше и се обрати на Изборното собрание на оваа македонска организација во дијаспората.

Pages