Tрилатералната средба на Министрите за дијаспора во Охрид

Macedonian

24 јануари 2018

Министрите за дијаспората на Македонија, Албанија и Косово, г. Едмонд Адеми, г. Пандели Мајко и г. Дардан Гаши одржаа трилатерална средба во Охрид. Заедно оценија дека соработката во полето на дијаспората е корисна и важна за продлабочување на соработката меѓу трите земји во регионот.

Состанокот во Охрид се смета како важен почеток за промовирање на заеднички активности во зајакнувањето на врските меѓу земјите во рамките на процесот на евроатланска интеграција. Министрите ја поздравија последната одлука на Парламентот на Република Македонија за изгласување на Законот за јазиците како придонес за заедничка регионална соработка.

Средби на министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми во Обединетото Кралство

Macedonian

25 октомври 2017

На 25 октомври, среда, министерот во Владата на РМ, задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, оствари низа средби во Обединетото Кралство. 

Министерот Адеми оствари средба со Директорката за проширување за југоисточна Европа, Фиона Мекилхам, на која министерот доби недвосмислена поддршка во процесот на реализирање низа активности и решавање на проблеми по однос на прашањето на дијаспората, како и започнување на процесот на изработка на Национална стратегија за соработка со дијаспората.

Работна средба на министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми со амбасадорката на Швајцарија во Македонија, г-ѓа Сибил Сутер Техада

Macedonian

20 ноември 2017

Министерот во Владата на Република Македонија Едмонд Адеми, задолжен за дијаспората, денес оствари работна средба со амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, г-ѓа Сибил Сутер Техада.

Министерот Едмонд Адеми, потенцираше дека дијаспората на Република Македонија која живее и работи во Швајцарија е значаен сегмент во Швајцарското општество.

Швајцарската амбасадорка, г-ѓа Сибил Сутер Тахада го изрази нејзиното големо задоволство за ангажманот на кабинетот на министерот задолжен за дијаспора и интересот за креирање на Националната стратегија за  соработка со дијаспората.

Средба на министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми со амбасадорот на Израел во Република Македонија, Дан Орјан

Macedonian

18 ноември 2017

Министерот во Владата на Република Македонија Едмонд Адеми, задолжен за дијаспората, денес оствари работна средба со амбасадорот на Израел во Република Македонија, г-н Дан Орјан.

На средбата министерот информираше за усвојување на Информацијата за потребата од изготвување Национална стратегија за  соработка со дијаспората 2018/2023, како прв чекор кон систематски и институционален пристап кон дијаспората, како важен столб за развојот на Република Македонија.

Амбасадорот Дан Орјан, истакна дека дијаспората е многу важен партнер и дека Израел има големо искуство со дијаспората каде што со задоволство ќе ги разменат нивните искуства.

Pages